Прегазен 81-годишен велосипедист во Скопје

 

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 10.00 часот на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(52) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од П.Т.(81) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

12.07.2024 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега