Предупредување за САД: Можен е втор бран на епидемијата

Универзитетот од Вашингтон ги коригираше и ги намали своите предвидувања за смртност од коронавирусот, сепак дојде второ предупредување за граѓаните на Соединетите Американски Држави.

Координаторката на кризниот штаб на Белата куќа, Дебра Биркс предупреди дека е можен втор бран на епидемијата доколку Американците не се придржуваат до мерките за социјално дистанцирање, пренесува Ројтерс.

Експертите сметаат дека епидемијата ќе го достигне својот врв во одредени средини, но ситуацијата во Њујорк статистички се смирува зашто расте бројот на заразени и мртви во други американски држави.

-Ако се луѓето се опуштат, почнат да излегуваат надвор и воспоставуваат социјална интеракција може да ни се случи втор бран, предупреди Биркс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега