Поранешен агент на руската разузнавачка служба го предупредил претседателот Владимир Путин дека постои можност за „британски заговор“ со цел негово убиство за време на планираниот самит со американскиот лидер Доналд Трамп во Будимпешта.

Андреј Безруков, кој во минатото работел за СВР, изразил сериозна загриженост дека британските служби подготвуваат тајна акција доколку Путин отпатува во Унгарија. Тој предложил средбата со Трамп да се одржи во Дубаи, за да се избегне, како што рече, „подмолна британска операција“.

„Будимпешта ме загрижува — имам навистина сериозни сомнежи околу безбедноста таму,“ изјави Безруков.

Поранешниот шпион стана познат по случајот со Анастасија (Ана) Чапман, која беше уапсена од ФБИ и потоа разменета во акција во која учествуваа десет руски агенти.

Во гостување на руската државна телевизија, Безруков изјави дека британските власти гледаат во Путин главна пречка за нивните интереси. „Тие мислат дека ако Путин исчезне, Русија ќе се распадне и проблемите ќе исчезнат,“ нагласи тој, пренесува Express.

Сега, на 65 години, Безруков е професор на Московскиот институт за меѓународни односи и советник во компанијата „Роснефт“.

Exit mobile version