Предупредување на командантот на една европска држава: Нашата војска повеќе не може да ја брани земјата, пропаднавме од штедењето

Австриската војска наско нема да биде во состојба да ги исполнува своите задачи, поради драматичната состојба со недостигот на пари, предупредува началникот на Генералштабот, Роберт Бригер.

Предупредувањето на Бигер дошло откако претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, во интерна анализа укажал на тоа дека војската повеќе не е во состојба да ги исполнува своите задачи наложени со уставот. 

Тој истакнал дека постои огромна разлика меѓу уставните задачи, состојбата во буџетот и реалната ситуација во војската.

"Војската последните две децении драматично се оддалечила од способноста самостојно да ја брани земјата. Наскоро војската нема да може да врши воени задачи на основа на застареноста на речиси сите системи на вооружување", се наведува во документот. Константното штедење довело до безбедносни дупки, се истакнува и натаму се додава дека војската по прв пат од основањето е пред пресвртница за тоа дали може да ја врши својата основна задача.

 

Генералштабот бара зголемување на буџетот за војската од актуелните 2,2 на најмалку 3,3 милијарди евра во 2022-ра година. И тогаш на најмалку еден процент од БДП, односно повеќе од 4 милијарди евра за да се покрие "тоа најпотребното".

За сеопфатна одбрана потребни се два проценти од БДП за војската, укажува воениот врв.

 

Доколку буџетот на војската не се зголеми, тогаш вооружените сили само ќе пружаат "улога на асистенција" во случај на непогода, наведува Бригер.

Без инвестиции за шест години во сите сегменти во војската ќе дојде до загуба на состојбата за делување, како во одбраната на воздушниот простор, така и по прашањето на опремата.

 

 

Генералштабот укажува на тоа дека минатите 15 години војската е значително ослабена.

Се потсетува дека од 2004-та година "заштедени" се 41 процент од авионите, 62 проценти од тешкото вооружување, 61 процент од оклопните возила, 56 проценти од камионите и 49 проценти од патничките возила.

 

Кога станува збор за персоналот, тој е намален за 16 проценти, а мобилните сили за дури 50 проценти, односно годишниот контингент на регрути е намален за 47 проценти. Драматична е состојбата и по прашањето за инфраструктурата, бидејќи за 65 проценти од објектите е потребна поголема реконструкција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2019 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега