Предупредувал но никој не се јавувал на телефон - инженерот 2 дена пред рушењето на мостот оставил порака

 

Инженерот оставил говорна порака два дена пред рушењето на мосото во Мајами, во која предупредува дека е пронајдена пукнатина на крајот од мостот, но таа порака никој не ја преслушал, соопштил денеска портпаролот на одделението за сообраќај на Флорида.

Портпаролот рекол дека говорната порака е преслушана дури после колапсот, бидејќи работниците, според договорот, биле надвор од канцеларијата кога пораката била оставена.

Сенаторот Рубио на Твитер напишал дека градежната фирма која била ангажирана наредила сајлите кои за време на „стрес тестот“ ослабеле, да се затегнал, по што мостот се срушил.

Мостот бил изграден пред една недела, а по само 6 дена се срушил.

Изграден е според новата метода наречена „забрзана конструкција за мостови“, која настанала на Меѓународниот универзитет во Флорида.

 

 

 

17.03.2018 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа