Предлог законот за ЈО од утре во собраниска процедура

Владејачката партија очекува предлогот да наиде на одобрување меѓу пратениците и со потребното двотретинско мнозинство да се донесе законот според којшто Специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Јавното обвинителство за организиран криминал, потврди „Канал 5“

За опозицијата предлогот е делумно прифатлив иако деталите допрва ќе се „чешлаат“. Сепак, она што за ВМРО ДПМНЕ во моментов е неприфатливо е предлогот на Заев новото обвинителство да го предводи актуелната шефица на обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска.

Ваквиот став на опозицијата предизвикува зачуденост во Правда од каде велат дека токму опозициската партија предложила СЈО да биде дел од обвинителството за организиран криминал, а притоа не предложиле смена на Русковска.

Од ДУИ со јасна поддршка за предложеното решение, но велат кој ќе го води новоформираното обвинителство не треба да одлучуваат партиите, туку Советот на јавни обвинители.

Законот ќе го поддржи и БЕСА, но под услов претходно да се договори датум за предвремени избори.

Осумтемина независни пратеници, од кои во голема мера зависи обезбедувањето на потребните 80 гласа без претходен договор со ВМРО ДПМНЕ,  засега воздржани. Велат се уште го немаат видено предлогот за да изградат став дали би гласале за него.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега