Предизборно Пошта распиша оглас за вработување на 280 лица

Утринава осамна оглас на „Македонски пошти“ за вработување на дури 280 лица. 107 лица во Скопје, 21 во Кочани, 20 во Битола, по 17 во Гостивар и Струмица. Вкупно 280 лица преку оглас објавен денеска, на само два дена пред распишување на изборите бара Македонски пошти за да ги ангажира како поштари. 

Се бараат поштари за подружниците на територија на цела држава, а рокот за пријавување трае три дена.

За „Македонски пошти“ нема ништо спорно во новиот конкурс. Во нивното соопштение велат дека бараат нови работници поради одлив на кадар.

„Заради одлив на пошторазнесувачи по различни основи, Компанијата распиша оглас за вработување на 280 пошторазнесувачи. Неопходноста од прием на пошторазнесувачи е со цел да се обезбеди давањето на универзалната поштенска услуга како услуга од јавен и економски интерес на целата територија на Државата со утврден квалитет и пристапни цени за корисниците.“- Македонски пошти.

Претседателката на Антикорупциска Ивановска вели дека ќе преземат мерки огласот на „Македонски пошти“ да се стави во мирување и да се активира по 12-ти април.

Сепак, апелите да нема нови вработувања пред избори за да не се влијае на гласачкото тело очигледно не допираат ниту до министерствата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега