Правда за Саздо - Протест пред Собранието

 

Мирен протест се одржа вечерва пред Собранието на Република Македонија за прерано починатиот Никола Саздовски. 

Протестот беше организиран преку иницијатива на социјалната мрежа Фејсбук „Минута молк за Никола Саздовски“.

Присутните пред фотографија од починатото момче поставена на троатарот пред Собранието, палеа свеќи. Меѓу присутните беа и членови на навивачката група „Комити“, чиј член беше Саздовски, како и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Дваесет и едногодишниот Саздовски вчера изутрина во Клиничкиот центар им подлегна на повредите со кои се здоби на 29 јуни во физички напад од страна на три момчиња на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје

 

 

 

10.07.2018 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега