Пратеникот на СДСМ за киднапирањето на ќерката: Настан имаше но не како што се опишува

Откако во средата во 11:45 во Кочани, засега непознати лица се обиделе да ја киднапираат седумгодишната ќерка на пратеник на СДСМ, додека девојчето се враќало од училиште, се огласи и пратеникот за случајот.

Пратеникот Сашко Костов од СДСМ за Фактор вели дека „настан имало, но не до толку како што го опишаа медиумите“ и дека дополнително ќе даде изјава за медиумите да појасни што се случило.

- „Сомнежи има, но органите си ја работат работата. Се надевам дека ќе завршат за два три дена, по што работите ќе бидат многу појасни“, одговара тој на прашањето дали се сомнева во некого.

За потсетување, како што дозна Пресс24, настанот се случил во средата во 11:45 во Кочани. Седум годишното девојче се враќало од училиште кога возило со странски регистарски таблички ја пресретнало, нагло застанало а непознати лица со локален дијалект му наредиле на детето да влезе во автомобилот. Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.

Настанот според извори на Пресс24 е пријавен во полиција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега