Собранието денеска ќе го продолжи работењето со 92. пленарна седница, на чиј дневен ред остануваат уште седум точки за разгледување.

Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка, двата во прво читање. Исто така, на дневен ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка.

По скратена постапка ќе се разгледуваат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки.

Exit mobile version