Пратениците на СДСМ сепак ќе ги добијат уверенијата

Уверенијата за освоени пратенички мандати, пратениците на СДСМ ќе ги добијат по пошта. Потпретседателот на Државната изборна комисија Субхи Јакупи денеска изјави дека неподигнатите уверенија ќе бидат доставени на домашна адреса на пратениците.

На денешната свеченост во ДИК не се појавија 34те кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата кои според изборниот резултат треба да влезат во македонското Собрание.

Од членовите на ДИК, настанот го „бојкотираа“ и Виолета Дума и претседателот Никола Рилковски кои за отсуството го известиле Јакупи преку телефон.

07.05.2014 - 14:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега