Пратениците ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за Собранието

Пратениците ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за Собранието.

Законското решение предвидува не само нови вработувања во собраниските служби на годишно ниво, туку и унапредувања на некои од постојните со цел нивна поголема ефикасност и стручност, беше речено на седницата.  Според измените, ќе се формира собраниски совет како стручно помошно тело на генералниот секретар на Собранието со единствена функција – да прави прецизна анализа за функционалноста на собраниските служби, а Планот за годишно вработување ќе го предлага генералниот секратар во согласност со буџетскиот совет на Собранието.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во кусото обраќање пред гласањето им се заблагодари на сите 123 пратеници за заложбата да донесат заедничко решение.

 

- Досега иако формално независно Собранието беше целосно зависно од владата финански. Измените се од исклучитело значење за службите на Собранието кои работат за донесување на најважните политички процеси, кажа Џафери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2020 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега