Пратениците денеска со полна пареа

 

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се закажани продолженијата на 91-та, 94-та и 97-та седница.

На дневен ред на 97-та седница се Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за инспекциски надзор, сите во трето читање.

Пред пратениците на продолжението на 94-та седница ќе се најдат Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, Законот за задолжување на Републикава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, како и  Закон за дополнување на Законот за служба во АРМ.

На дневен ред на 91-та седница, меѓу другите точки се и Предлог на законот за бесплатна правна помош, по скратена постапка, Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит во прво читање, како и Предлог на национална програма за железничка инфраструктура за периодот од 2019 – 2021.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега