Прашина од Сахара и високи температури - промена на времето во Македонија

Јужно и југозападно струење на висина, сахарска прашина и песок и непријатна топлина овие денови ќе ја зафати територијата на нашата држава, информира метеорологот Славчо Попоски

Поточно, ќе бидеме под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југозапад која ќе условува понатамошен пораст на температурите на воздухот кој во следните денови ќе се ислачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот се очекува да се искачат до максимални 30, 31 степен што се типично летни. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност а ќе дува и претежно слаб ветер од променлив правец.

УВ индексот поради топлиот бран понатаму малку ќе порасне и ќе има умерено висока вредно и ќе изнесува 5 што не е опасно врз граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега