Прајс: Државите од Балканот ќе се противат на промена на границите

Демократскиот конгресмен од Северна Каролина Дејвид Прајс смета дека балканските држави ќе се спротивстават на ситуацијата во која границите може повторно да станат неизвесни.

„ Не сум сигурен кој би можел да биде извор на такво нешто. Свесен сум дека се дистрибуира дипломатски. Мислам дека државите, како што ги познаваме, ќе се спротивстават на тоа и ние ќе ги поддржиме“, рече тој на прашањето за неофицијалните документи од непознат и нејасен извор, кои сугерираат можности за промена на границите меѓу земјите од Западен Балкан.

Прајс, еден од конгресмените со долгогодишно искуство во надворешната политика, кој го претставува 4-от округ во Северна Каролина во Претставничкиот дом од 1987 година, рече дека сето тоа „предизвикува спомени од минатите непријателства и се заканува да се подигнат тензиите на Балканот “, како што тој го нарече„ политички распарчена област со мноштво тековни несогласувања“.

„ Сепак, земји како Северна Македонија и Косово и други поминаа долг пат во развојот на демократијата и нивните сопствени односи. Ние сакаме да веруваме дека сме биле дел од тоа на парламентарно ниво, особено со Северна Македонија и Косово. Не можам да замислам дека овие земји би можеле да се вратат во ситуација кога границите се повторно несигурни “, рече Прајс.

Во последниот месец, во меѓународната јавност се појавија два таканаречени „нон-документи“, во кои се разговараше за прашања што предизвикаа страсти меѓу земјите од Западен Балкан.

„Нон-пејпер“ е неофицијален, непотпишан и неодобрен документ во кое било официјално тело.

Првиот „нон-пејпер“ стана тема откако медиумите во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина шпекулираа за постоење на наводен документ кој содржи предлог за повлекување нови граници во поранешна Југославија.

Босанските медиуми тврдат дека словенечкиот премиер Јанез Јанша го испратил до претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, а словенечкиот портал „Нецензуриран“ дури ја објави содржината на неофицијален документ, од непотврдена автентичност, во кој, наводно, се презентирани идеи за поделба на БиХ, анексијата на Република Српска до Србиј и обединување на Косово со Албанија.

Јанша во неколку наврати јавно тврдеше дека тој ниту го составил, ниту го испратил документот, додека од друга страна, кабинетот на Чарлс Мишел не можеше да го потврди или негира неговото доаѓање.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега