Познато што била последната порака на пилотот на пакистанскиот авион - меѓу настраданите и 5-годишно дете

Пакистански авион Ербас А320 кој превезуваше 107 патници, се сруши во Карачиј, пренесуваат новинските агнеции.

Авионот се срушил врз густо населено подрачје во околу 14:45 часот по локално време, набрзо откако главниот пилот ја известил контролата на летање за техничката неисправност на авионот. Контактот со авионот бил прекинат само минута пред да падне.

Авионот летал од Лахор кон Меѓународниот аеродром во Кина, еден од најпрометните во Пакистан. Во авионот имало и осум членови на екипажот, а градоначалникот на Карачиј рекол дека нема преживеани после авионската несреќа.

Зинаб Имам, експерт за комуникации, објави на Твитер дека има преживеани и дека контактирал сонароник кој бил во авионот - жив и здрав.

Исто така, пакистанкста Гео ТВ пренесува дека меѓу неколкуте преживеани е и претседателот на Пунџаб банка, Зафар Масуд. Податоците за преживеаните нсе се уште потврдени.

Локалните медиуми наведуваат дека досега се извлечени 30 луѓе под рушевините, меѓу кои и 5-годишно дете, а според британскиот Скај, некои кучи во несреќата биле оштетени или уништени, а големата спасувачка акција е во тек поради големиот пожар и чад во областа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега