Познато колку ќе чини билтетот за едно возење во автобусите на ЈСП и кога ќе почне да се продава

Советот на Град Скопје денес ќе носи одлука за тоа колку ќе чини цената на билетот за едно возење во скопските автобуси.

Со враќањето во употреба на билетот за една употреба најмногу корист ќе имаат граѓаните од внатрешноста но и туристите кои досега не можеа да ги користат услугите на автобусите во главниот град .

Неофицијално, објави Фактор, цената на билет за едно возење ќе чини 50 денари и ќе може да се купи во секој автобус. Истата ќе почне да се применува од ноември.

Она што исто така е новитет дека градот Скопје ги заменува кинеските автобуси со 33 нови германски еколошки автобуси.

Шилегов тврди дека со истите нема да има загадување и ќе се заштедат 700.000 евра годишно .

 

Парите за автобусите се обезбедени преку Договорот за користење заем од ЕБОР во висина од 10 милиони евра, кој беше потпишан во јануари годинава. Со тие пари плус со 1,8 милиони евра од сопствено учество на ЈСП „Скопје“ треба да се набават околу 35-те нископодни (зглобни и моно автобуси).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2019 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега