Познато кога ќе слета Вардар - Летот Град Скопје го плати 39.500 евра

По измените со летот, ракометарите на Вардар кои цела Македонија ја направија горда со освоениот трофеј синоќа, ќе пристигнат во 18 часот и 50 минути во Скопје. 

Како што најави градоначалникот Петре Шилегов на Плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари, а ракометарите од Градот ќе бидат наградени со 6 милиони денари, додека за чартерот се одвоени 39.500 евра, пренесе СДК.МК.

Инаку, Вардар стана европски шампион по втор пат, натпреварот беше драматичен и полн возбуда, а по него вистинска среќа и еуфорија.

Во финалето, црвено-црните го совладаа Веспрем со 27-24.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега