Познато е кој ќе седне на министерското столче како наследник на Горан Милевски

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, ја прифатил понудата да биде министер за локална самоуправа во владата на премиерот Димитар Ковачевски. Лично Пенов за „360 степени“ потврди дека по консултациите во изминатите денови решил да и се врати активно на политиката и да го води ресорот што и припаѓа на неговата матична Либерланодемократска партија (ЛДП).

Ако Пенов и официјално биде предложен за министер и Собранието го потврди неговиот избор, тој ќе го наследи се уште актулниот лидер на ЛДП, Горан Милевски, кој даде оставка.

27.09.2022 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега