Познатиот пејач нападнат со нож и ограбен

Хери Стајлс (26), поранешен пејач во британскиот бенд „One Direction“ е ограбен на Денот на вљубените.

Пејачот е ограбен во доцните часови во лондонскиот кварт Хемпстед. Стајлс таа вечер бил излезен, а сѐ се случувало многу брзо.

Лицето кое извршило нападот имал околу 20 години, извадил нож и се заканил, изјавил извор за британски Мирор, додавајќи дека пејачот добро се снашол во целата ситуација, па поминал неповреден.

-Беше поприлично смирен, па на ограбувачот веднаш му даде пари. Ја држеше ситуацијата под контрола. Сепак, поради сѐ е многу вознемирен и потресен, раскажал изворот близок до пејачот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега