Познатиот пејач е во затвор - му се заканува доживотна казна, пристигнуваат нови, морничави обвиненија

Пејачот, композитор и продуцент Роберт Силвестер Кели, познат под уметничкото име Р. Кели се соочува со нови обвинувања за сексуално злоупотребување.

Како што пишуваат светските медиуми, наводниот инцидент се случил во 2011 година, кога Кели жртвата ја прашал да го посети во неговата хотелска соба во Минеаполис.

Се започнало кога пејачот на концерт ја запознал девојката која од него барала автограм. Тој ѝ оставил телефонски број и ѝ платил 200 долари да ја соблече цела гардероба, а потоа и да има секс со него. Во тоа време девојката имала само 16 години, а дружењето вклучувало „гол танц“ и допири.

Меѓутоа, обвинителот рекол дека сепак не дошоло до сексуален однос, а наводната жртва ја застапува 78-годишниот адвокат Глорија Лред.

-Сакам да нагласам дека мојата клиентка не е проституктка. Таа е жртва на господинот Кели - рекла адвокатката, додека адвокатот на пејачот на ова кратко порачал: „Ма дајте ве молам, тоа е апсурд“.

Р. Кели е обвинет и за детска порнографија, откако се појавила видео касета на која наводно бил прикажан неговиот секс со малолетна девојка.

Но, девојката одбивала да зведочи, па Кели бил ослободен во 2008 година.

Сега му се заканува доживотна затворска казна, затоа што наводно, и понатаму претставува опасност за малолетничките.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега