Познати „виновниците“ за казната на Манчестер Сити

Пред неколку дена стана јасно дека Манчестер Сити е аут од европските клупски турнири во наредните две години, поради повреда на финансискиот ферплеј.

Детали за казната почнуваат да се појавуваат, а „Атлетик“ тврди дека клубови како Реал Мадрид и Баерн Минхен извршиле притисок врз надлежните органи на УЕФА да донесат таква одлука.

Според изданието, шпанските и германските гиганти побарале казна и за Пари Сен Жермен, но во моментов, Парижаните се разминаа со таква. Се тврди дека двата клуба користеле блиски контакти со европскиот штаб за да инсистираат на детална истрага за наводното финансиско однесување на „граѓаните“.

Претходно, „Атлетик“ информираше дека Пеп Гвардиола имал краток мотивациски говор во соблекувалната пред саботната тренинг сесија. Оттаму тврдат дека расположението во соблекувалната било во стилот: „Ако УЕФА не нè сака, по ѓаволите, ќе им покажеме“. – Сега, повеќе од кога било, ние треба да им покажеме дека сме таленти, а не пари, им порачал амбициозниот Гвардиола на своите играчи за време на тренингот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега