Познати се деталите за смртта на 33- годишниот Хрват вакциниран со АстраЗенека

Завршил двочасовниот итен состанок помеѓу претставниците на ХАЛМЕД, шефот на ХЗЈЗ, Крунослав Чапак и министерот за здравство Вили Берош.

На итниот состанок се разгледувала истрагата за смртта на мажот (33) од Сисак, кој починал 12 дена откако е вакциниран со АстраЗенека.

Како што дознава Индекс, човекот бил вакциниран на 5 март во Сисак, со првата доза на АстраЗенека. Тој починал утрово во болницата Ребро во Загреб.

Првите два до три дена по вакцинирањето имал треска, но после тоа се чувствувал добро. Проблемите се појавиле девет дена откако ја примил вакцината. Потоа почувствува силна болка во стомакот.

Бил хоспитализиран во Универзитетскиот болнички центар Загреб, каде извршиле МНР. Според првите информации ,било пронајдено крварење во надбубрежната жлезда.

Вечерва бил свикан итен состанок бидејќи постоело стравување дека овој случај може да биде сличен на некои од случаите пријавени во Европа.

На состанокот било договорено да се чека на обдукцијата за да се процени овој случај, што ќе заврши утре во текот на денот. После тоа треба да биде појасна причина за смртта на човекот.

Покрај крварењето во надбубрежната жлезда, човекот имал и болки во цревата и синузитис. Сега се утврдува дали овие два симптоми се поврзани со причината за смртта или не.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2021 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега