Позната состојбата на Џонсон

Состојбата на британскиот премиер Борис Џонсон се подобрува, може да се исправи и да седне на кревет и да контактира со болничкиот персонал, изјави министерот за финансии Риши Сунак.

-Најновите информации од болницата велат дека премиерот сѐ уште е на одделот за интензивна нега и оти неговата состојба се поправа. Исто така, можам да кажам дека седи во кревет и соработува со клиничкиот тим, истакна Сунак.

Џонсон во неделата беше примен во болницата „Свети Томас“, а во понеделникот беше преместен на одделението за интензивна нега поради нагло влошување на состојбата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега