Познат таинствениот руски милијардер кој на Меган и Хари им го отстапи својот дворец во Канада

Таинствениот милијардер кој им го отстапил својот дворец во Канада на Хари и Меган е Русинот Јуриј Милнер.

Вчера цела планета ја обиколи веста дека принцот Хари и Меган Маркл одбиле да го откријат името на тајниот мултимилијардер кој им го отстапил нивниот канадски дворец за годишниот одмор, а кој својот идентитет го крие со методи кои ги употребуваат оние кои перат пари или пак избегнуваат платени потези, пишуваат од „Daily Mail“.

Кралскиот пар го одбил повикот од британското списание за да го откријат идентитетот на британскиот сопственик на вилата наспроти тврдењата дека тоа би можел да биде некој руски милијардер.

Портпаролката на парот исто така одбила да каже дали парот платил годишен одмор, но сега е откриено дека позади секо тоа стои рускиот милијардер Јуриј Милнер.

Јуриј Борисовиќ Милнер е израелско-руски претприемач, интернет гуру и физичар. Милнер е еден од највлиајтелните руски технолошки инвеститори.

Коосновач е и претседател на интернет компанијата Mail.ru Group и основен инвеститор на компанијата DST Global.

Првите 200 милиони долари кои ги вложил во Фејсбук се претвориле во 4 милијарди за неговиот фонд, DST.

Милнер денес е дел од естаблишментот на Сицилијанската долина. Долгогодишен пријател со Марк Закерберг со кој заедно ја покренале Наградата за револуционерно откритие на научници, покрај Милнеровиот проект за истрага на вонземјански цивилизации.

Форбс прво го класифицирале како милијардер, за минатата седмица да влезе во 100-те најголеми живи “работни умови“ на листата на истоименото списание.

Луксузната вила во Канада во која Хари и Меган заедно со нивниот син Арчи го поминаа првиот Божиќ вреди 14.1 милион долари и има осум спални соби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега