Познат составот со кој Македонија вечерва ќе ја „нападне“ Грузија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе одигра најважниот меч во историјата за пласман на Европското првенство, против Грузија во Тбилиси.

Селектор Игор Ангекловски, натпреварот ќе го започне во следнава формација:

 

На голот е Столе Димитриевски; во осдбраната триото Дарко Велковски, Висар Муслиу и Егзон Бејтулаи; по левата страна ќе оперира Езџан Алиоски, а по десната Стефан Ристовски; во средниот ред се Бобан Николов и Аријан Адеми; Елиф Елмас како треквартиста; и Горан Пандев и Илија Несторовски во нападот.

Додека пак неговиот  грузиски колега селекторот Владимир Вајс почнува со: Лорија, Двали, Кашија, Кверквелија, Какабдзе; Квеквескири, Канкава; Окриашвили, Гвилија, Казаишвили; Качарава.

Натпреварот почнува во 18 часот, а директен пренос ќе врши МРТ1 и МРТ3.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега