Познат режисер и цело негово семејство починале од коронавирус - пред смртта оставил порака

Чанг Каи бил режисер во филмско студио во Хубеи. Умрел од последиците од вирусот, како и неговите татко, мајка и сестра.

Од последиците од коронавирусот досега умреле повеќе од 1.800 луѓе. Идентитетот на повеќето жртви е познат, а меѓу жртвите во Кина се наоѓаат и неколку тамошни познати личности. Трагедијата го погодило и семејството на филмскиот режисер Чанг Каи, а животот го изгубиле и тој целото негово семејство. 

Чанг Каи бил режисер во филмско студио во Хубеи. Умрел од коронавирусот како и неговите татко, мајка и сестра.

Пораката, која наводно ја напишал и проследил преку пријател, открива ниz какви проблеми овој 55-годишен маж минувал пред својата смрт.

Целата порака ја објавил сајтот "Каиксан" и во неа се наведува дека неговиот татко се онесвестил со температура, кашлање и дека имал потешкотии со дишењето.

"Беше одведен во многу болници на лечење, но му беше кажано дека нема слободен кревет. Бевме многу разочарани и отидовме дома. Вирусот ме фати и мене и мојата сопруга. Одев во разни болници и молев. Кревети беше тешко да се најдат...ние сме никои. Пропуштивме можност за лекување, а здивот ми беше слаб", навел тој.

Чанг Каи и неговата сопруга подоцна биле примени во болница, но според локалните извештаи, неговата состојба премногу се влошила

Умрел на 14-ти февруари, а сопругата уште се борела со болеста. Зад себе оставил син кој студира во Велика Британија.

Истиот ден починала и неговата сестра.

Чанг во 1989-та година запишал училиште за новинарство на универзитетот во Вухан, каде студирал фотографија, а по завршувањето на студиите се приклучил на филмско студио.

Студиото го пофалило Чанг за неговиот придонес во развојот, велејќи дека бил уважен колега и дека неговата смрт била болна загуба.

Меѓу жртвите од коронавирусот се наоѓа и директорот на болницата во Вухан Лиу Зиминг, докторот Ли Венлианг, кој прв предупредил за вирусот, сликарот Лиу Шоксианг, научникот Дуан Женгчен и бодибилдерот Ку Џун.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега