Познат првиот кандидат кој се пријавува на огласот на СДСМ за претседател

Поранешниот македонски амбасадор во Германија, Д-р Ѓорѓи Филипов, е првиот кој во јавноста објавува дека ќе поднесе апликација за избор на кандидат на претседател на Македонија на конкурсот на СДСМ. 

„Почитувани новинари и медиумски куќи, Јас, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, утре, 11 февруари 2019 год., понеделник, ќе поднесам Пријава за кандидат за Претседател на Република Македонија на Отворениот повик за Претседателските избори за 2019 година на СДСМ“ се вели во синоќешното соопштение.

Тој ќе одржи и прес-конференција на која ќе каже детали.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега