Познат идентитетот на загинатите во страшната несреќа во Србија

Во автобуската несреќа која што се случи во близина на Лесковац во Србија рано утрово, загинаа три лица, од кои една 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. и еден 68-годишен маж од крушевско Бучин со иницијали В.Ш., извести македонското министерство за надворешни работи.

Тие известуваат дека третата жртва се’ уште не е идентификувана, бидејќи кај неа не се пронајдени документи за лична идентификација. Надлежните служби работат на идентификација и на повредените.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2018 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега