Вчера во 19:20 часот е пријавено дека на ул.,,180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О.С.(76) од Тетово, кој починал на местото.

– Лекар констатирал смрт, додека со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово, при обид да го изгаси огнот.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, истакнува Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Exit mobile version