Пожарникарите се бореа со сите сили - Изгаснат пожарот кај Манастирец

Изгаснат е големиот пожар што синоќа беснееше кај Манастирец, општина Росоман.

– Ноќеска пред полноќ имавме состанок организиран од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. По десет часовна интервенција, бидејќи пожарот избувна околу 13 часот, се одлучи дежурен тим да остане на лице место во текот на ноќта. Утринава со дополнителни 15 работници од Комуналец, со три теренски возила, десет работници од „Македонски шуми“ со исто толку возила и шест пожарникари со две возила, се вративме на лице место. Со мала интервенција, ги победивме пламените јазици, информира за МИА, Александар Чадамов, командир на Територијалната противпожарна единица.

Додава дека направен е претрес на цел терен и нема никаква опасност. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега