Пожарникарите и Град Скопје најдоа привремено решение за надминување на проблемот со додатоците на плата

 

Пожарникарите и Град Скопје најдоа привремено решение за надминување на проблемот со надоместоците на плата за пожарникарите. Преку потпишување на Правилник ќе се надмине проблемот кој, според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, трајно мора да се реши со закон.

На пожарникарите, како што денеска изјави градоначалникот Шилегов, ќе им бидат исплатени ретроактивно надоместоците за плата за цела 2020 година, а зголемената декемвриска плата ќе им биде исплатена во почетокот на јануари.

– Во меѓувреме треба со Министерствто за одбрана да ги довршиме правните документи што треба Владата да ги донесе со цел средствата со кои располага Градот, законски да можеме да ги пренесеме како зголемување на плата, изјави Шилегов.

Тој останува на ставот дека трајното решавање на овој проблем е преку носење на закон.

– Моето инсистирање дека треба да биде донесен закон за да се реши ова прашање останува затоа што ова е едностран акт на градоначалник. Како правна форма може утре кој било да го укине и затоа сметам дека е недоволна правната заштита. Тоа го зборевме во неколку наврати и со пожарникарите дека не е недоволна правна заштита и не им гарантира трајно решение. Трајното решение мора да дојде исклучиво по пат на измени на Законот на што јас инсистирам. Очекувам дека во првиот квартал наредната година ќе биде завршено ова прашање, нагласи Шилегов.

Пожарникарите во изминатиот период неколкупати протестираа барајќи исплата на додатоците за опасност при работа по што почнаа и преговори со Градот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2020 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега