Пожари во Албанија: Се повикува на евакуација, изгореле куќи

Поради загрижувачката состојба со пожарите во Албанија доцна попладнево реагираше министерот за одбрана Нико Пелеши, кој упати апел до жителите каде постои опасност по животите и имотите да се евакуираат кога на тоа ќе ги повикаат надлежните.

Тој на Фејсбук напиша дека најризична е состојбата во селото Душкарак во општина Селеница каде се врши интервенција и од воздух со армиски хеликоптер.

Во селото каде од синоќа гори голема површина изгореле три куќи, но за среќа нема настрадани.

– Ги повикувам жителите каде постои опасност да бидат зафатени нивните домови да ги почитуваат наредбите на надлежните во случај да биде потребна нивна евакуација. Временските услови, силниот ветер, во одредени случаи ги отежнуваат оперативните сили на терен, соочени со пожарите. Најпроблематична е состојбата во селото Душкарак во општина Селеница каде од воздух интервенира хеликоптер на воздухопловството, напиша Пелеши.

Според него од земја и воздух се интервенира и во пожарот кај Курбин, припадниците на армијата се посветени на гаснење на пламените јазици во подрачјето на Скадар, во неколку села во општина Мат како и кај Елбасан и Валона.

Според податоците на Националниот оперативен центар за цивилни вонредни ситуации, во изминатите 24 часа регистрирани се 26 пожари повеќето од нив се сè уште се активни.

08.08.2022 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега