Пожар во турското одморалиште Мармарис – 300 луѓе се евакуирани

  

Речиси 300 луѓе се се евакуирани во близина на одморалиштето Мармарис, во југозападна Турција поради пожар што избувнал пред два дена, но се проширил поради високите температури и силните ветрови – изјави министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи, пренесува „ТРТ“.

Според информациите на тамошните власти, досега се зафатени речиси три илјади хектари земјиште, а регионот е особено ранлив на шумски пожари поради климатските промени.

Минатото лето огромните пожари уништија илјадници хектари ширум Турција, а најтешко беа погодени бреговите на Егејското и Средоземното Море.

Во гаснењето на пожарот помагаат 12 авиони и 45 хеликоптери, рече Киришчи и додаде дека уште три хеликоптери пристигнуваат од Катар и авион од Азербејџан.

 

23.06.2022 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега