Пожар во Скопје: Повреден маж однесен во болница

 

Маж се здобил со повреди откако во неговиот дом во Скопје избувнал пожар.

-Вчера во 09:55 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на бул. „АСНОМ“, сопственост на 42-годишниот А.З. од Скопје. Пожарот го зафатил целиот стан, при што А.З. се здобил со повреди. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од пожарот од надворешна страна бил оштетен и станот кој се наоѓа над опожарениот стан - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега