Пожар во Ресен: Горел магацин- огнените јазици ја зафатиле куќа, тракторот и 700 гајби јаболка

 

Се запали магацин во Ресен, при што опожарен бил трактор, кровната конструквија, куќата и 700 гајби јаболи, но за среќа нема повредени.

„На 10.11.2020 околу 12.30 часот во Полициска станица Ресен било пријавено дека на ул.,,Мите Трајчевски“ во магацин за складирање јаболка настанал пожар при што биле зафатени и кровната конструкција и куќа во сопственост на И.М. и Ж.М. двајцата од Ресен.

Бил опожарен и трактор „Фергусон ИМТ 539“, дрвена конструкција од настрешница, дел од покрив и 700 гајби со јаболка“ информираат од полиција.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа