Пожар во работилница во Трубарево и запален котел за парно во ЕСМ Енергетика - работници со Брза помош однесени во болница

Два пожари утринава се изгаснати на територија на општина Гази Баба. Едниот во работилница во Трубарево, а другиот во ЕСМ Енергетика во населбата Железара каде е интервенирано на котел за парно.

Во пожарот во работилницата, според првичните информации, повредени се тројца работници кои со Брза помош се пренесени во болница со цел да им се укаже лекарска помош. Пожарот избувнал нешто по 9 часот, а причина е најверојатно работа со компресор.

Во пожарот во ЕЛЕМ Енергетика, кој избувнал околу 8 часот, за среќа, нема повредени.

Командантот на Територијалната противпожарна единица Владимир Симоновски во изјава за МИА вели дека двата пожара се изгаснати. Во пожарот во работилницата интервенирале со две возила и осум пожарникари, а во пожарот со котелот со три возила и 10 пожарникари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2020 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега