Пожар во Пинтија - противпожарни екипи на лице место, и населението помага во гаснењето

Попладнево избувнал пожар во скопската населба Пинтија, на само 200-300 метри оддалеченост од куќите, објави Сител.

Како што информира телевизијата, гори сува трева и нискостеблеста шума.

На самото место има противпожарни екипи на Град Скопје и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, а според нивни информации се чекало на екипа на МЕПСО да го исклучи далноводот за да може да се интервенира со канадери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега