Пожар во основно училиште во Штип- пеплосаа инвентарот и кровната конструкција

Вчера во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 23:30 часот на 17 јуни 2019 до 00:10 часот на 18 јуни 2019 година во основното училиште „Страшо Пинџур“ во село Крупиште, штипско, настанал пожар.

Со пожарот бил зафатен инвентарот и кровната конструкција на стариот објект од училиштето и дел од кровната конструкција на новиот објект од училиштето.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а увид извршила екипа од СВР Штип, информираат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега