Пожар во магацин на маркет во Скопје - вработен итно однесен на Клиника

 

Вработен во маркет бил пренесен на Клиника откако вдишал чад откако настанал пожар во магацинот, информира МВР. Вчера во 14:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“,во магацински простор во маркет се запалил кабел од комора за фрижидер. Пожарот со противпожарнен апарат бил изгаснат од вработениот Г.Ј.(38) од Скопје, кој додека интервенирал вдишал од чадот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2019 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега