Пожар во Долно Лисиче - повредени мајка и син
Две лица се здобиле со повреди во пожар кој избувнал во Скопје.
„На 02.08.2021 во 15:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Долно Лисиче, скопско, настанал пожар во кој горела сува трева и овошки од расадникот, сопственост на Земјоделски факултет – Скопје, а била зафатена и плевна сопственост на Г.И.(48) од Скопје и товарно возило во движење „застава“, со скопски регистарски ознаки. Возачот А.А.(26) и неговата мајка К.А.(50), двајцата од Скопје, се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза" во Скопје за укажување на лекарска помош. Исто така, од пожарот била зафатена и куќа сопственост на Д.П.(60). Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот“, соопшти МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа