Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горно Блаце, на патот кој води кон с.Долно Блаце, настанал пожар при што биле опожарени нискостеблеста шума, сува трева, стара викенд куќа и една напуштена помошна просторија, сопственост на Е.Ч.(57) од с.Визбегово, скопско.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Exit mobile version