Пожар пред влезот на Струмица - сообраќајот во прекин

Околу 13 часот денеска изби голем пожар пред влезот во Струмица од Радовиш. Запалена е поголема површина шамак покрај патот, а сообраќајот го регулира полицијата за да можat пожарникарите да го гаснат пожарот.

Во гаснењето на пожарот у;ествуваат три противпожарни возила на ТППЕ Струмица и 12 пожарникари.

Засега пожарот се држи под контрола и не се дозволува да се прошири.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега