Пожар од корпа за отпадоци зафатил помошен објект и автомобил

Пожар од корпа за отпадоци во дворно место на А.М. (57) на улицата „Цветан Димов“ во Струмица синоќа зафатил помошен објект и преден дел од автомобил „форд фокус“.

Според полицијата, пожарот бил пријавен во 21:20 часот, а веднаш по пријавувањето интервенирала ТППЕ Струмица по што пожарот бил изгаснат.

Според информациите од струмичките пожарникари, со навремената интервенција е спречено пожарот да се прошири и да направи поголема материјална штета.

Увид на местото на пожарот извршила екипа на СВР Струмица. 

26.09.2022 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа