Пожар беснее на Закинтос: Пожарникари со хеликоптери и авиони се обидуваат да ја сопрат огнената стихија (ВИДЕО)

Грчките пожарникари вложуваат огромни напори да ја сопрат огнената стихија која беснее во близина на Волимес на островот Закинтос.

Припадниците на пожарната служба денес настојуваат да го спречат понатамошното ширење на шумскиот пожар кој ја пустоши шумата околу плажата Навагио кај Волимес, пренесува агенцијата "ANA". 

 На лице место се ангажирани 16 противпожарни системи, 69 пожарникари плус 3 тима кои интервенираат на местата кои се гасени од хеликоптери и авиони.

Пожарот кој избил вчера напладне продолжил да се шири преку ноќ под влијание на силен ветер, што на пожарникарите им оневозможило поефикасно да интервенираат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.10.2020 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега