Повторно земјотрес во Албанија - Се стресе и Црна Гора

Нов земјотрес со јачина од 4,2 степени e регистриран во Албанија, а потресот се почувствувал и во Црна Гора.

Земјотресот бил регистриран од страна на Сеизмолошкиот институт на Црна Гора во текот на ноќта, а епицентарот бил 18 километри јужно од Медова, на длабочина од осум метри.

Ова е еден од посилните потреси по разорниот од 6.4 степени кој усмрти 52 лица, а многумина повреди и ги остави без покрив над глава.

Следеа 1.000 афтершокови, а најсилниот беше од 5.3 степени по Рихтер.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега