Повторно судири, немири и пожари во Стокхлом

Во Стокхлом ууште еден голем пожар работ изутринава беше угаснат од еден ресторан, како резултат од немирите кои што се случуваа во главниот шведски град минатата ноќ. 

Нјапрвин полицијата морала да интервенира да ја растури толпата на насобрани млади. Изминатата ноќ гореа возила на 15 места во Стокхлом и приградските населби. 

Полициска патрола била нападната со камења, при што еден полицаец бил повреден во главата и пренесен со амбулантно возило во болница, во Хегстра, населба во јужниот дел.

Медимуите јавија дека била запалена и полициска станица во населбата Рагсвед.

Немирите во стокхолмската населба Хусби започнаа во неделата кога 40-ина млади лица почнале да палат автомобили и фрлаат камења кон полицијата.

Како причина за избувнување на немирите се наведува убиството на еден 69-годишен маж во Хусби минатиот понеделник. 

најчитано сега