Повторно се затвора Дизниленд во Хонг Конг

Забавниот Дизниленд парк во Хонг Конг повторно ќе биде привремено затворен, откако властите воведоа забрана за јавни собири на повеќе од четири лица.

Властите во Хонг Конг вчера објавија нови мерки за заштита од коронавирусот, поради стравувањата од трет бран на епидемијата во градот. Рекреативниот парк ќе биде затворен утре, на неопределено време, но хотелите во рамки на комплексот ќе продолжат да работат под променети услови.

Дизниленд во Хонг Конг беше затворен во јануари поради корона-пандемијата, а беше отворен минатиот месец, откако се намали бројот на пациенти.

Според најновите податоци, 1.522 луѓе се заразени во градот од почетокот на пандемијата, а осум лица починале од Ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега