Повторно протести за дозволата за градба на деветокатница кај „Мајчин дом“

Револтирани граѓани од Општина Аеродром денеска повторно се собраа да протестираат против изградба на зграда на зеленилото кај „Мајчин дом“. 

Претходно градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин денеска изјави дека изградбата на деветокатницата е времено стопирана поради, како што посочи, неправилости во градилиштето. Забраната важи 15 дена.

Сепак, граѓаните бараат зграда на тоа место воопшто да не биде изградена. 

- Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија. Ги преземав сите можни мерки и напори, со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот, во разговори со граѓаните, со инвеститорот и со град Скопје, рече Марин. 

 

 

 

11.10.2018 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега