Повторно му е направен рендген на белите дробови - нови детали за состојбата на Ѓорѓе Давид, заразен со коронавирус

Пријател на музичарот Ѓорѓе Давид кој е заразен со коронавирус, вели дека тој сега се чувствува одлично и дека времето на клиника го поминува најчесто одморајќи, што и тој самиот потврдил.

„Засега Давид се држи добро, времето на клиника го поминува така што се одмора и почитува се што лекарите го советуваат. Денеска му беше направена рендгенска снимка и констатирано беше дека воспалението на белите дробови се уште е присутно, но дека сенката на снимката драстично се менува. Тој се чувствува доста добро и сега му е полесно кога снимката тоа го покажа“, рекол пријателот на познатиот музичар, а потоа и тој самиот истото го потврдил:

„Сето тоа е точно. Тоа се добри вести и сега само сакам мир“, рекол Ѓорше Давид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега